Иако Владата на СДСМ и ДУИ во јавноста кажува дека има мнозинство од 2/3 во Собранието за промена на Уставот и внесување на Бугарите во уставот тоа не е така.

По вчерашната лидерска средба одржана помеѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски јавноста се увери дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е непроменет и дека ВМРО-ДПМНЕ е НЕ за уставни измени без сочуван идентитет и посебност.

Претседателот Христијан Мицкоски на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера по лидерската средба истакна дека ќе побара гаранции за сочуван идентитет и посебност од ЕУ.

Бидејќи ниту една земја членка на ЕУ нема против со македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик, тогаш еве јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на Европскиот Совет, да изгласаат потврда, гаранција за сето ова кое што ние го збориме па да видиме дали е навистина така како што ни велат дека е така, имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна влада избрана од Националниот парламент таму. И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по вчерашната лидерска средба.

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека за да се реализира планот за заштита на Македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ преку овие точки потребни се избори, бидејќи јасно е дека СДСМ и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени.

Од сето ова може да заклучиме дека власта на СДСМ и ДУИ ја манипулира јавноста дека има обезбедено 2/3 пратеници за промена на уставот бидејќи јасно гледа јавноста дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е непроменет, цврст и јасен а тоа е дека устсавни промени без сочуван идентитет и посебност нема да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.