Споделувајќи снимки од Визбегово утрото кога 14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирања, новинарот Фуркан Салиу на „ПорталиX“ објави видео на кое се гледа украдениот „цитроен“ на Панче Жежовски, кој вози кон Бразда.
Во видеото се гледаат возач и совозач со црни капи во „цитроенот“, како и нешто што наликува на бела вреќа во задниот дел од возилото. Заедно со „цитроенот“ е снимено и другото возило „рено“.
Според снимките на Салиу, се гледа оган од пожар на местото каде што подоцна е пронајдено опожареното возило, но и закопаното тело на убиеното девојче. Тоа гори веќе во 9:37 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.