Македонија бележи висок број на смртни случаи споредено со многу земји во регионот. Последните официјални податоци покажуваат дека во последните 10 дена во просек на дневна основа, како последица на Ковид, починале меѓу 20 и 30 пациенти. Според Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, Македонија регистрира 89 смртни случаи на милион жители. Тоа е неколку пати повеќе од Косово, Албанија и Србија. Црна Гора и Босна и Херцеговина имаат регистрирано поголема смртност од Македонија од соседните земји.

Според Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести:

Македонија (17-30 јануари) 89 смртни случаи на 1 милион жители
Косово 5 смртни случаи на 1 милион жители
Албанија 23 смртни случаи на 1 милион жители
Србија 52 смртни случаи на 1 милион жители
Црна Гора 132 смртни случаи на 1 милион жители

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски во интервју за емисијата 360 степени на АЛСАТ рече дека големиот број на смртни случаи е поврзан со повеќе фактори и најави преиспитување на методологијата со која се прави идентификација на починати лица од Ковид.

Прво, ние сме нездрав народ, не се храниме здраво, не внимаваме на физичката активност, имаме многу други болести. На почетокот имавме голем проблем со навременото јавување на лекар, имаме низок степен на имунизација, имаме релативно лоши здравствени услови, немаме добро организиран здравствен систем. И сите овие елементи влијаат да ги достигнеме овие лоши бројки што ги имаме. Во никој случај нема манипулација со бројот на починати од Ковид19, апсолутно не може, зошто би имало? Овде има процедура која е добро дефинирана со претходниот состав на КСИ, но уште еднаш ќе ја обработиме за да биде појасна за сите, изјави Александар Петличковски, претседател на Комитетот за заразни болести.

Петличковски најави дека на наредната средба ќе се анализира колку од починатите биле вакцинирани со една, две и три вакцини и по колку време по имунизацијата биле заразени и колку нивната состојба се комплицирала. Оваа анализа, според него, би дала одговор за причината за големиот број на смртни случаи. Инаку, од почетокот на панде



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.