Анкетата на ИПИС објавена во емисијата „Објектив“ на МРТ ги презентираше и резултатите и од рејтингот на кандидатите за претседател на Република Македонија. На оваа анкета спроведена во февруари во ИЕ 1 и 5, евидентна е двојната предност која кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ја има пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Во првата изборна единица 22,4% од испитаниците одговориле дека би гласале за Гордана Силјановска Давкова, а за Стево Пендаровски се изјасниле 11,2%. За Бујар Османи би гласале 6,6% од анкетираните, за Арбен Таравари 5,4%, за Билјана Ванковска 4,8%, за Максим Димитриевски 3,8%, а за Стевчо Јакимовски 1%.

Во изборната единица 5 најмногу испитаници, односно 22,6% би ја дале својата поддршка за кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот на СДСМ би гласале 14%, за кандидатот од ДУИ 6,8%, за кандидатот на Левица 3,5%, а за кандидатот на ЗНАМ би гласале 2,9%, а за Арбен Таравари би гласале 3% од испитаниците.

Како и во случајот со поддршката за политичките партии, така и кај кандидатите за претседател на државата, разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски се зголемува во споредба со минатиот месец јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.