Шефицата на Основнито јавено обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, имаше работен ручек со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бoмгартнер и судијата за врска со седиште во Белград, Фредерик Дибост, која неодамна стапи на оваа функција.

Од Јавното обвинилтество информираат дека на средбата станало збор за надлежноста на судијата за врска при Амбасадата на Франција, кој нема судска функција, туку има за цел да ја олесни билатералната кривична и граѓанска судска соработка помеѓу Франција и земјите во нејзината јурисдикција – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Кипар, Косово,  Македонија, Црна Гора и Србија.

Воедно, покрај прашањата поврзани со актуелните состојби во Обвинителството, биле разменети и информации за францускиот правосуден систем и системот на земјите што се под нејзина јурисдикција, а беа понудени и можности за остварување на соработка преку организација, анимација или поддршка за обуки и семинари, учество на размена и состаноци поврзани со кривично правната материја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.