Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, откако вчера пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП гласаа против амандманот на Законот за шумите. Станува збор за предлог на ВМРО-ДПМНЕ за вметнување на став во член 75 со кој би се забранило поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети.

За овој амандман од 110 присутни пратеници, само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 31 пратеник гласаа „за“, а 47 беа пратеници против.

По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.