Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на МРТ одговори со контрапрашање: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?

Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта. Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120-те пратеници, рече Мицкоски.

Според него актиелната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ не е обременета од потенцијални закани за затвор, фингирани политички процеси, а во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има монолитност, кохезија, а не разногласие како во владината коалиција.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема разногласие, а погледнете ја владината коалиција, погледнете ја ДОМ, преку НСД, погледнете што се случува во ЛДП, во СДСМ и ДУИ да не зборуваме. Сега ние може да работиме на мнозинство и на пораз на СДСМ, укажа Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.