Владата на Ковачевски ја продолжува праксата на Зоран Заев а тоа е молење и чекање од друг наместо самите да обезбедат се што е потребно за граѓаните. Се повтори речиси истата слика како при почетокот на корона пандемијата и набавката на вацкините.
Откако сите земји самите се снаоѓаа во набавката на вакцини директно од прозводителите , владата на Заев се „крстеше“ во ЕУ и Ковакс механизмот. Оттаму се разбира дека не дојде ниту една вакцина па тогашниот премиер мораше да моли кај Александар Вучиќ да ни помогне.
Тој се разбира излезе во пресрет и на Табановце на 14 февруари 2021 година ни беа дадени 8000 Фајзер вакцини. Жално изгледаше за една држава првите вакцини да бидат натоварени во едно комбе со што само се покажа негрижата и сервилноста кон ЕУ на тогашната власт.
Но, по неколку месеци оттогаш власта се обиде да извлече корист од набавката на кинески вакцини и на сметка на фантом фирма од Хонгконг уплатило 12,5 милиони евра за 200.000 вакцини. Една вакцина требало да биде платена 62,5 долари додека реалната цена на ‘Синофарм’ тогаш чинеше најмногу до 32 долари.
Дојде војната во Украина и власта, овој пат на Ковачевски убедуваше дека имаме доволно стокови резерви и оти граѓаните не треба да се грижат. Колку не треба да се грижиме ни откри повторно претседателот на Србија Александар Вучиќ кој рече дека Македонија побарала 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
Зошто требаше од Вучиќ да дознаваме дека силосите се празни и оти да не е Србија народски кажано „ќе умреме за леб“?
Граѓаните со право се загрижени. Којзнае каква е состојбата со гориво и дали можеби треба да се подготвиме за редици пред бензиските пумпи како во деведесеттите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.