Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинити, Вучиќ откри дека Македонија нема стокови резерви на пченица и дека владата лаже, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Бетиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ беа исправни, но владата наместо работа одбра лага, велат од партијата потенцирајќи дека односот на власта е крајно неодговорен.

Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стокови резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ? Каде завршиле стоковите резерви? Што друго недостасува од државните резерви? Ќе има ли одговорност што владата ја дестабилизира државата?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.