Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска истакна дека одлуката за донација на воена помош на Украина е апсолутно одлука на суверена држава, без разлика што сме членка на НАТО.

„Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена и самостојна држава е нападната, Украина, треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини ја донесовме одлуката за воена поддршка на Украина, во опрема, затоа што Украина е државата што беше нападната“, рече Петровска.

Таа рече дека Владата донела досега три одлуки за донации на Украина, без притоа да потврди што точно се донира.

Петровска рече дека едната одлука е за тенковите кои веќе граѓаните ги видоа на патиштата низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.