Пендаровски пуштен низ вода на почетокот на кампањата: Таче не му дојде во Прилеп, го оставија со Мисовски од НСДП

Македонија 05.04.2024 / 9:33

Дали СДСМ уште од почетокот на кампањата го пушти низ вода претсдателскиот кандидат Стево Пендаровски.Ваков впечаток се стекнува откако никој од челниците на СДСМ не му дојде на почетниот митинг во Прилеп. Не дојде лидерот Ковачевски ниту носителот Венко Филипче.Жално беше да се гледа како во 12 минутниот говор Пендаровски секој втор збор му беше НАТО,ЕУ,НАТО, ЕУ додека во првите редови беше само Горан Мисовски од НСДП и пејачката Кристина Арнаудова.

 

Додека Пендаровски се мачеше да ги анамира прилепчани, лидерот на СДСМ беше на ифтарска вечера во Сарај.

 Рамазан е месец на обнова на душата и телото, шанса да се согледа и прифати вредното. Ифтарските вечери се можност за охрабрување и негување на нашата заедница, повод за обединување, за зближување со семејството и со пријателите. – напиша Ковачевски на Фејсбук во истиот момент додека Пендаровски говореше на сцената.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести