Претседателот Стево Пендаровски вели дека „Бехтел и Енка“ е компанија стара 125 години и е меѓу најголемите 100 градежни компании во светот, а  неколкуте негативни искуства што ги имала оваа компанија во земјите од регионот, од Романија до Црна Гора, се исклучоци од правилото.

Зошто се случуваат овие исклучоци во кои има злоупотреби и криминал? Само ако наидеш на локални авторитети кои се податливи за тој тип на „муабет“, вели Пендаровски.

На прашањето дали се сомнева во нашите локални авторитети, претседателот вели „засега не“, меѓутоа сака понатаму процесот да биде кристално чист, прозрачен и транспарентен.

Пендаровски вели дека е убеден дека и кај нас, па дури и во неговиот Кабинет, има многу луѓе кои не се за почитување за законите. Затоа, за да нема шпекулации, верува дека постапката што ја започнала Антикорупциската комисија ќе се заврши до крај и дека тоа ќе наиде на поддршка од институциите.

Репутацијата на „Бехтел и Енка“ во држави кои имаат комплено транспарентен однос е беспрекорна, вели Пендаровски и како пример го посочува атинското метро, на кое пред повеќе години оваа фирма работела 25 километри од делницата.

Во Атина на секој сантиметар имате археолошки наоѓалишта. Затоа потпишаа меморандум за соработка со тогашното грчко министерство за култура и немаше ниту еден инцидент. Не можете да овластите градежен инженер да проценува дали е нешто археолошко наоѓалиште или артефакт, вели Пендаорвски.

За делот предвиден за надзорот на изградбата, Пендаровски вели дека 90 отсто од компаниите се со беспрекорно портфолио, но не му е јасно зошто морало во купот да се и тие две фирми за кои има јавни сомнежи.

Едната од нив според јавно достапните документи нема никакво искуство во таа област, а другата е формирана, ако не се лажам, пет дена пред или пет дена по објавувањето на тендерот. Значи повторно нема искуство во таа област. Мене ми се чини дека и за луѓето во „Бехтел“, и за американската амбасада, па и за САД како држава која застана зад овој проект од почетокот, битно е да не се наруши репутацијата на една од најбитните американски фирми, рече Пендаровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.