Министерот за надворешни работи Бујар Османи не одговори на прашањето на Левица во Жешко политичко лето на Канал 5 дали Мкаедонија била окупирана од фашистичка Бугарија.

Од партијата днеес реагираат дека со тоа Османи само дозволил да видиме во која насока се движиме.

Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи. По низата на скандали со т.н. “историска комисија” на која и претстои “толкување” на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите. Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската – во целост. За Владата, синтагмата “бугарската фашистичка окупација” е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија. Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата – тоа е оставено на т.н. “историска комисија”, за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемтска и ревизионистичка агенда. Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше: “Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид – сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во “конечното решение” за “еврејското прашање” на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?”, велат од Левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.