Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово.

Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми.

Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.