Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска тврдеше дека не ги видел националистичките пораки на стадионот во Чаир кои ги истакнаа навивачите на домашниот тим на мечот од првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Вардар.

Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот – кратко одговори Османи откако претходно на друго прашање ја критикуваше опозицијата дека поттикнува нетолеранција.

За слични пораки ФФМ делела казни за домашните тимови, но до овој момент, нема никаква реакција.

Навивачите на Шкупи истакнаа парола на дерби натпреварот против екипата на Вардар, порачувајќи дека ќе го исполнат аманетот, Скопје да биде срцето на Албанија.

Покрај тоа, со уште една парола испратија поддршка до убијците на младото дете Никола Саздовски – Саздо, што претставува уште еден голем скандал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.