Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер.

На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата, рече Османи.

За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, стои во соопштението на МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.