Објавено е видео со тепачка меѓу полициски службеници во Кривогаштани, прилепско, кои се пресметувале во раните утрински часови на Велигден. Се слуша пцуење, се гледа моментот кога еден од нив се фаќа за пиштолот, а трет ги разделува и се труди да ги смири.

Како што информира СВР Битола, инцидентот се случил во неделата околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани.

Нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, соопшти СВР-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.