Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека договорот со Бехтел и Енка не се крие туку постои дел што означува доверливост и се прават анализи од институциите во консултација со стратешките партнери кој дел може да се објави.

– Тоа е нешто што е воспоставена пракса и што дополнително ги согледува деловите од договорот кој во интерес на изведувачот не треба да се објават. Помпата што се прави околу тоа со цел да се нанесе штета на овој суштински важен договор за државата, дополнително го отежнува процесот и верувам дека нема да се случи. Верувам дека сите политички партии ќе се одважат да го поддржат договорот, рече Каевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.