Откако беше регистрирано зголемување на бројот на кучињата скитници во градот Тетово, градоначалникот Биљал Касами рече дека состојбата уште повеќе ја влошува тоа што, според него, кучињата скитници во овој град се носат и од други региони.

Имаме основани сомнежи и пријави од граѓаните дека во текот на ноќта возила со регистарски таблички од Куманово, Скопје и други градови, на периферијата на градот носат кучиња и ги пуштаат во Тетово. Тоа е проблем што треба да се реши, затоа што и ако општината Тетово обезбеди средства за собирање на 1000 кучиња скитници, можеме да станеме место кое ќе ги привлекува кучињата кај нас. Најлесно е да се даде некому 500-1000 евра да ги товари овие кучиња и да ги испрати некаде – вели Касами.

Од здружението кое е ангажирано од општината за фаќање и третирање на кучињата скитници нагласуваат дека бројот на кучиња почнал да се зголемува од денот кога почнале да ги евидентираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.