Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи.

Од МНР најавуваат дека за време на посетата, Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.

Османи треба да се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.

Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји – соопштија од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.