Лидерот на Левица Димитар Апасиев упати критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса.

Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на фејсбук.

Алијансата за Албанците и Беса ја коментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е подготвен за укинување на терминот „20 проценти“ , но истовремено да се разговара за укинување на Бадинтеровото мнозинство и балансерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.