Бугарската агенција БГНЕС, која важи за една од најдобро информираните објави шокантна информација за спорот со Македонија. Конкретно, претседателот на Франција Емануел Макрон им ветил на Радев и Петков дека сите бугарски барања ќе влезат во преговарачката рамка, односно ќе станат составен дел од преговорите со ЕУ.

Со други зборови, колку и да траат преговорите со ЕУ, Македонија нема да стане членка доколку не ги исполни барањата кои се содржани во Декларацијата на бугарскиот парламент, а зад која застанаа сите партии.

Во неа јасно се нагласува дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека до 1944 година сме имале заедничка, што во бугарски превод значи бугарска историја и дека Македонци не постојат.

Eве ја содржината на Декларацијата која треба да влезе во преговорите со ЕУ.

Реален напредок во исполнувањето на духот и словото на Договорот за добрососедство. Реален напредок“, Софија подразбира откажување од поддршката или барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија; почеток на процес на рехабилитација на жртвите на „југословенскиот комунистички режим кои трпеле репресија поради бугарската самосвест“; нов процес на лустрација кој треба да ги расветли соработниците на поранешните служби за безбедност на Југославија во денешна Македонија; и системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.

·Треба да се усогласи за личности и настани од „заедничката историја до 1944 година”, а меѓу нив се набројуваат „Гоце Делчев, ВМРО и Илинденското востание“.ќе треба да се пресликаат на информативни табли и други ознаки на историски и културни споменици. Ќе треба да се договорат и конкретни датуми за одбележување на заеднички настани и личности, но притоа, „политичките претставници, претставниците на државните институции во Македонија, како и медиумите финансирани од државниот буџет“ ќе мораат „да ги засноваат своите изјави и коментари на текстовите кои ќе ги договори Комисијата.”

·Никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Македонија“.,треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година.”

·До втората меѓувладина конференција, историчарите ќе треба да постигнат согласност за уште една група личности и настани од историјата до 1944 година (не се наведува кои).

·Да се хармонизираат училишните програми по историја и литература во двете земји“, и дополнително: „историските и литературните извори од 19 и 20 век, паралелно со адаптираните текстови, да се претставуваат и изучуваат и во оригиналната форма на која биле напишани.

·Бугарија ќе инсистира Македонија да ја приложи „учебната програма по историја, географија и литература“ од основните училишта до универзитетите во кои веќе ќе бидат имплементирани сите договорени одлуки на историската Комисија. Истото се однесува и на спомениците во земјата.

·Надминување на говорот на омраза во јавниот простор“, особено кон лица кои се идентификуваат како Бугари, но и поголема транспарентност за сопственоста и финансирањето на медиумите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.