Мора да се отпуштат од работа сите партиски вработени кадри, порачува во објава на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

„Мора да се формира технократска влада“, нагласува таа.

Во напишаното Најчевска предлага да се отстранат од раководни позиции сите кадри на ДУИ.

„Мора да се отпуштат сите судии и јавни обвинители и да се направи нов избор. Мора да се затвори академијата за судии и јавни обвинители. Мора да се воспостави нормална агенција за администрација“, пишува Најчевска.

Според неа треба да се определат принципи на јавното живеење кои се граѓански а не како што вели, етнички дефинирани.

„И дајте да го средиме тоа Уставот кој го изнашлака Фрле а потоа сите по ред го крпеа и шиеја и го претворија во бесмисол“, пишува Најчевска во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.