Ова се навистина е импозантно и е многу, и јас сум честитам и на Марко и на советниците, и на администрацијата овдека во Општина Велес. Затоа што во овие тешки услови кога се практично континуирано под притисок на оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ, тие сепак успеваат да најдат мотив да го реализираат она кое што е ветено. А, богами од ова што сега го слушнавме имаат и многу повеќе работи кои што не беа дел од програмата, а сепак се реализираат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Велес.

„Јас сум убеден дека многу и предвремен ќе биде целосната програма ќе биде реализирана посебно откако новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со сериозна поддршка за општина Велес.

Така што еднашка можам да го изразам моето нескриено задоволство дека Велес добива поинаква слика, се работи. Секој дел од општина Велес практично станува допрен, нема недопрени делови на општина Велес. И тоа е многу добро. И заради тоа сакам да им честитам и на Марко на градоначалникот, на советниците, на администрацијата за оваа исклучително квалитетна работа која што ја прават овдека за Велес и за велешани.

Само така да продолжат и јас очекувам уште многу, многу проекти посебно проекти кои што не се ветени, а кои што со идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат реализирани овдека во Велес“ – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.