Власта ја исполни својата цел после многубројните притисоци, наставниот кадар започна со настава, но одговор за тоа до каде се преговорите со СОНК се уште нема. Стана јасно за методите на власта уште во моментот кога беше поставен помирувачот. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика Тренчевска и тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски. Владата успеа да го стави СОНК во подредена положба, а наставниците да ги деградира и понижи, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
После бројните закани кои владата ги упати кон СОНК, а истите не успеаја да ги предомислат наставниците, сепак владата изнајде начин како да го запре штрајкот повикувајќи се на Законот за мирно решавање на споровите. Власта брутално го уништи достоинството на наставниците во моментот кога се закануваа дека ќе ги загубат своите работи места, дека ќе се најде нивна замена, дека платите нема да им бидат исплатени во целост, за само еден ден после тоа да дава поддршка и благодарност до наставниот кадар. Доколку владата навистина сакаше да го реши спорот по пат на медијација тогаш тоа можеше да го стори уште пред да започне штрајкот или многу брзо по започнување на штрајкот. Нивната манипулација се гледа и денес кога молчат и не ја информираат јавноста до каде се преговорите, дали и каков напредок е постигнат, кој е предлогот на Владата за решавање на проблемот? Власта е должна на јавноста да и одговори што се влегло во т.н. преговарачка рамка, а не да се надева дека јавноста ќе заборави и нема да има потреба од дополнително информирање- истакна таа.
Митева порача: „Измама и злоупотреба на наставниот кадар нема да дозволиме, бараме владата да одговори до каде е дијалогот на власта со СОНК“!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.