Оваа година, Светскиот ден на слободата на медиумите, го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“. Според индексот за слобода на печатот, кој е објавен во извештајот за 2022 година, Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Тој им изразува благодарност на новинарите и медиумските работници, за, како што наведува, нивната посветена работа и им порачува да продолжат професионално да ја работат својата работа.

Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството, истакнува премиерот Ковачевски во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.