Најавивме интерпелација за Талат Џафери, веќе почнавме да ги собираме потписите и се надеваме дека до следната недела ќе биде доставена и ќе започне процедурата во Собранието бидејќи неколку интерпелации завршија во фиока, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој вечерва е гостин во „360 Степени“.

-Немаше интерпелација за Љупчо Николовски, за Маричиќ, тие никогаш не беа отворени. Верувајте, Талат мисли дека тој е Деловникот. Толку се преценил човекот што мисли дека тој го створил деловникот, дека може сè да направи и може оваа интерпелација никогаш да не го види денот за говорење. Да оставиме да видиме, се надевам дека ќе се разговара. Ние многу пати во изјави кажавме дека најверојатно ова нема да успее. Знаете зошто? Јас сум многу испрен кон граѓаните, ние ќе ги кажеме сите наши аргументи. Ако падне Талат Џафери – паѓа и Владата. Тие од петни жили сите ќе се борат како оваа Влада да остане бидејќу ДУИ ја води државата и е таа алка што ги спојува, рече тој.

Мисајловски порача дека Џафери не смее да биде претседател на Собранието ако вака се однесува.

Претходно во емисијата, Мисајловски посочи дека однесувањето на Џафери не е нешто ново, туку константно.

-Требаше да се види тоа лице на Талат Џафери пред целата јавност. Ова што го прави Талат Џафери не е од сега, ова се случува месеци и години. Не може да не знаете што имате на дневен ред. Целата оваа работа што моментално со активната блокада ја прави ВМРО-ДПМНЕ е да се видат сите погрешни политики, да ни се дозволи нас како парламентарци да говориме. Тоа е основно право на секој од нас, но и сите забелешки што ги имаме кон СДСМ да ги потенцираме и целата јавност да ги види. Да го видат лицето на Талат Џафери и како тој се однесува кон сите, посочи Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.