Во текот на следните два дена (10-11.10.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува со свое обраќање на 73.редовна Сесија на Извршниот комитет на Програмата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева-Швајцарска Конфедерација. На маргините од Сесијата, министерот Спасовски ќе оствари две билатерални средби, и тоа со Филипо Гранди, Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации,  и со Антонио Виторино, Генерален директор на ИОМ (Меѓународна организација за миграција).

Министерот Спасовски ќе присуствува и на доделувањето на Наградата за бегалци ,,Нансен”- чијшто добитник оваа година е поранешната Канцеларка на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.