-Од оваа влада не очекувам нешто многу освен одлуката за смена на директорите, овој скандал создаде лоша репутација за Македонија како држава која нема контрола на главната алка на воздушниот сообраќај и дека институциите немаат капацитет да побараат одговорност особено кога се работи за функционери на ДУИ, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „За или против“ на Алфа телевизија.

Скандалите произлегуваат од самата влада и нивните инсталации во институциите и затоа не може таа да ги решава или да има одговорност, оти таа ги создава скандалите. Гледаме дека има принцип на неказнивност, заштита, релативизирање на сите овие скандали без разлика дали станува за Онкологија, Беса транс, М-НАВ, гледаме дека власта се обидува да купи време и секој еден скандал да се покрие со следниот кој ќе биде подраматичен за претходните да се заборават.

Милошоски истакна дека оваа влада е продуктивна само по број на скандали и висока инфлација, додека за скандалот во М-НАВ не очекува да има некаква одговорност.

Тој нагласи дека имаше упад во во контролна кула од која зависат илјадници животи и авиони, но не верува дека оваа власт ќе оди до кривична и судска одговорност.

Излегува дека кривичниот суд е владин и им суди на другите граѓани кои не се од владата, но кога станува збор за припадници од власта, овој случај заслужува притвор, четворица се во бегство, загрозен е авиосообраќајот, рече тој.

Додаде дека и сознанијата говорат дека нападнатиот контролор, самиот не се чувствуваат сигурни тој и семејството.

Ако во најбезбедната кула која има протоколи не сте безбеден и некој ве нападне, а потоа таа група не е во притвор, а четворица се во бегство, логично е да се заклучи дека не се чувствувате безбеден. Жално е за државава, овие контролори би требало да бидат најобезбедените лица во системот на воздушен сообраќај. Но и овој систем со оваа влада претрпе девалвација. Смена на власт, влада без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ Со голем број на пратеници во тој случај ќе значи еден од предусловите за ресетирање на институциите кои се девалвирани од ДУИ, изјави Милошоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.