Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска поднесе барање до Министерството за надворешни и работи и министерот Бујар Османи, да достави одговори на одговорите за 5+1 барањата од страна на Бугарија.

Пратениците имаат надлежност да бидат контролор на извршната власт, и затоа до Комисијата за надворешна политика да ги испратите одговорите на бугарските барања познати како „план 5+1“ кои македонската страна ги достави до официјална Софија во декември 2021 година. Сметам дека овој план не треба да биде тајна за пратениците, напротив, туку да се отвори сериозна дискусија во Собранието, кое има своја законска надлежност во креирањето на надворешната политика на државата.

Предлагам седницата на Собрание да биде отворена за јавноста, и ви укажувам дека согласно Деловникот на Собранието, Вие исто така имате право да побарате седницата да биде од затворен карактер“, стои во дописот на Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.