Само што започна судењето на поранешниот Генерален секретар Драги Рашковски обвинителството најави дека доставиле нова листа на докази. Обвинителката Ивана Трајева смета дека доказите ќе бидат доволни да се потврди делото за кое се терети, а тоа е злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари. Таа сепак не сакаше да говори за самата постапка и дали за сведок ќс биде повикан некој од владата.

Рашковски пак до Апелација се жали за незаконско прибавување докази и дека биле направени аматерски грешки и оти некои од пораките биле пишувани од компјутерот на обвинителката и оти тоа ќе го докаже.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.