И Миа Костова, како мајка на шестоодделенец, реагира на хосот што се случува изминатите години во образованието и најавата дека и годинава дел од учебниците нема да бидат готови на почетокот на учебната година.

Андрија од септември ќе биде 6то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни, порача таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.