Потпретседателот на ДУИ и предводник на незадоволните членови од партијата, Изет Меџити за ТВ21 ја искоментира одлуката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за именување на Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир.

Тој за ТВ21 вели дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи.

Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, изјави Меџити во изјава за ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.