Изборите за нов прв човек на Лекарската комора на Македонија и воопшто избор на ново раководство веќе наликуваат на парламентарните во последните циклуси. Притисоци, уцени, закани. Целта на скандалите што низ кои се принудени да минуваат белите мантили, како што тврдат извори на Република, е да се реизбере актуелна претседателка на Лекарската комора на Македонија, Калина Гривчева-Старделова.

Отпорот на лекарите доаѓа оттаму што не сакаат со комората да раководи контроверзна личност, за која Антикорупциската комисија уште во 2019 година утврди дека има судир на интереси што истовремено е и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и прв човек на Лекарската комора, бидејќи претседателот на Лекарската комора е одговорен за работата на директорите на јавните здравствени институции.

Доколку Гривчева-Старделова ги почитуваше законите, требаше да ја напушти едната функција уште во 2019 година, 15 дена по донесувањето на одлуката на Антикорупциската комисија.

Наместо тоа, три години подоцна лекарите се изложени на уцени и закани да ја поддржат нејзината повторна кандидатура. Извори на Република тврдат дека во изборната кампања матичните лекари силен притисок трпат од директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова.

Како директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со една инспекција може дури и да ни ја затвори ординацијата, стравува нашиот извори, матичен лекар.

Според изворот на Република, директорката Бухова наводно одела по ординации на матични лекари и им се заканувала дека ќе се соочат со последици ако не постапат според упатствата и не гласаат за Гривчева-Старделова.

Во надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е да спроведува редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори над просторот, објектите, просториите, уредите и опремата, дејностите и лицата кои вршат здравствена дејност, како и лицата кои на било кој начин можат штетно да влијаат врз здравјето на населението, па оттука и стравот на матичните лекари дека Бухова лесно ќе ги реализира заканите, вели нашиот извор.

Од друга страна, струшкиот гинеколог Мухамед Асани, кој беше посочуван како главен виновник за скандалот со родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, сака и по трети пат да биде делегат во Собарнието, а дури и по трет пат дел од Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија.

Асани овие денови е повторно активен со сомнителни чекори. Имено тој свикува средба на огранокот на Комората во Струга за понеделник (денес), а тоа го прави со лепење листови во Болницата во текот на викендов. Или состанокот е закажан за понеделник (денес, 30 мај), а тој ги свикуваше докторите викенодов(28 и 29 мај).Идејата е што помалку доктори да дознаат за средбата“, коменираат нашите извори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.