Состојбата во Собрание е многу сериозна, ние покренавме две иницијативи. Eдната ја поднесовме до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, кој што за жал е предводена од пратеник кој е дел од парламентарното мнозинство, познат по неговата променливост во однос на ставовите, но она кое го очекуваме е наредната недела да ја закаже таа комисија. Во таа комисија треба да дискутираме за одговорноста на Џафери, додека интерпелација е сумирана во однос на целата негова работа во Собранието, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска за Радио Лидер.

Таа истакна дека срамни се навредите и се останато што се слушна од страна на Џафери.

Недозволиво е такво однесување, а камоли во Собрание. Едно такво однесување не можеме да препознаеме никаде во Европа особено замислете ова однесување доаѓа од луѓе кои милуваат честопати да се нарекуваат прогресивна влада. Ние да имавме прогресивна влада, ова утро требаше да видиме оставка од целиот „економски тим“. Ние од оваа влада очекуваме да се вразуми, рече Петрушевска.

Таа порача дека потреби се избори час поскоро и дека на 18 јуни народот ќе испрати порака дека оваа ненародна властатреба да си замине.

Денеска продолжува активната блокада во Собранието и ние заедно со народот ќе стасаме до предвремени парламентарни избори. Цениме дека навистина е алармантно она што се случува во државата и потребни се час поскоро избори и тим кој ќе има стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат. Она што се случува во Македонија бара обединување, сплотеност и мислам дека ја имаме таа поддршка. На 18 јуни ќе ни се придружи народот и ќе испратиме една силна порака дека крајно време е оваа ненародна власт да си замине и да почнеме сериозно да се работи во интерес на граѓаните, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.