Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата, пишува на својот фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Мнозинството пратеници во Собранието синоќа во особено брз рок ги изгласаа владините антикризни мерки за ублажување на ценовниот шок, предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата. Во услови на ваква економска криза Владата и Собранието покажаа на дело будност и посветеност на заштитата и поддршката на граѓаните, пишува Маричиќ.

Воедно, Маричиќ посочува дека опозицијата треба ги следи овие чекори внимателно и следниот пат нека се одважи и нека застане со нив заедно во заштита на граѓаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.