Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која, како што вели, е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени.

Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права.
Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип.
Исклучително важно е да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската Комисија во делот почитување на владеење на правото во Македонија.
Благодарност до стручноста и посветеноста на правниот тим за успехот во застапувањето пред Европскиот суд за човекови права, вели Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.