Адвокатот Влатко Илиевски коментирајќи го денешното решение на Судот во Стразбур нагласува дека станува збор за решение а не пресуда и оти тоа значи дека судот не одлчувал мериторно по наодите во апликацијата туку дека таа е преуранета.

Тој прашува зошто на судот му требало пет и пол години да одлучи дека е преуранета?

Нема простор за триумфализам кај Владата. Ова не значи дека аболициите се неважечки и ништовни туку дека се уште не е дојдено  време да се одлучува и дека судот оства протор на судовите во Македонија прво тие да се прознесат во однос на валидноста на аргугументите-објаснива Илиевски за „Република“.

Ова во суштина значи дека во оној момент кога Врховниот суд ќе се произнесе за пресудите, осудените би можеле повторно да се обратат во Стразбур.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.