Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена.

Oттаму велат дека се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани?

Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија.Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите.МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.