Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот.

Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството… а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.

таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/

Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.

Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.