Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил посочи дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.

„Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот. Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија. Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција. Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси“, вели Милевски.

Тој додава дека доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор има одлука, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.