Пратеничката Благица Ласовска на денешната собраниска комисија за надворешна политика имаше неколку прашања за шефот на дипломатијата Бујар Османи за преговорите.Таа го запраша кој му дал право да преговара за неа како Македонка и зошто се согласил на ваков несиметричен договор.

Таа го праша и тоа дали се точни изјавите на Кирил Петков дека веќе со Ковачевски договорил за внесување на Бугарите со македонскиот устав.?

 

„Господине Османи не знам за останатите колеги, но јас денеска доживувам дежа ву во оваа сала. И морам да признам дека не можам да говорам со емоции. Затоа што прашањава за кои што денеска зборуваме односно имам лош обид за зборување ме задираат мене како Македонка. И ме задираат овие прашања со години откако сте вие на власт, нас Македонците“ истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисијата за надворешни работи.

Ласовска го потсети Османи билбордите со ЕУ, европско здравство и се што не ветуваа на граѓаните, а граѓаните не добија ништо.

„Господине Бујар Османи како министер за надворешни работи и како граѓанин на оваа држава, а пред се Македонка која што атакуваат од сите страни можни, морам да Ве прашам кога ги слушавме сите навредливи коментари од страна на бугарските функционери вклучително и Резолуцијата која што за нас не само што не е прифатлива, туку е и навредлива, не слушнав ниту една одбрана од Вас“, рече Ласовска.

 

Извинете ама граѓаните со право се исплашени и не ве веруваат, рече пратеничката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.