Миле Зечевиќ победник во внатрепартиската битка во СДСМ, нов директор на АНБ е Зарко Милошевски. Иако функцијата во АНБ треба да биде во рацете на непартиски човек, според информациите на Алфа, на местото на Виктор Димовски доаѓа и тоа како познат човек во СДСМ. Зарко е брат на Томе Милошевски, човек кој своевремено важеше за десна рака на Бранко Црвенковски во делот на безбедноста, а бил и помошник министер во МВР за обезбедување на ВИП личности и објекти, објави „Алфа“.

И другиот брат на новиот директор на АНБ е функционер на СДСМ. Милан Милошевски 2003-та година од тогашниот премиер Црвенковски бил поставен за директор на ГТЦ, а во исто време бил и заменик претседател на управниот одборна клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници.

Владата информира дека новиот шеф на Агенцијата за националба безбедност до сега бил помошник директор на агенцијата за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.