Еден од пиштолџиите на вчерашниот протест, кои „се бранеле“ од мирната толпа е вработен во МВР. Иако Република уште рано утрово испрати прашања до МВР да ни го потврдат сознанијата за идентитетот на лицето обележано на фотографиите, до овој момент МВР не одговори на нашите пораки.

Сепак, во интерес на вистината, а уште повеќе на јавниот ред и мир и безбедноста на сите нас, Република дојде до името до кое Спасовски не може цел ден да дојде. Затоа, го повикуваме министерот задолжен за нашата безбедност да ни се јави, па да му кажеме кое е лицето со иницијали С.Р. (идентитетот ѝ е познат на редакцијата), вработено во архивата на МВР.

Откако Спасовски побара од граѓаните да го препознаат лицето кое фрли Молотов коктел на Собранието, потрагата роди плод и полицијата на Спасовски соопшти дека веќе го фатила насилникот, 18-годишно момче кое признало. Република се одзва на повиците на полицијата да ѝ помогне да се санкционираат насилниците, па еве му на Спасовски еден насилник на тацна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.