Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати порака по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот.

„На денешниот Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот да кажеме категорично НЕ за антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и кои било облици на нетолеранција.

Овој ден е ехо на ужасната загуба на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, меѓу кои и 7.144 македонски Евреи, во логорот на смртта Треблинка и порака дека вакви злодела никогаш повеќе не смее да се повторат.

Наша цивилизациска одговорност денес е да градиме свет во којшто има место за сите. Македонија успешно се развива во Едно општество за сите, со еднакви права, слободи и обврски за сите граѓани и со нашиот пример ќе продолжиме да ја испраќаме пораката дека различностите не се пречка, туку богатство“-порача тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.