Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го проследите концертот на еден од водечките модерни Фински death metal бендови Wolfheart.

Бенд кој со своите мистични приказни за кралствата од Северот ги замрзна срцата на металците ширум светот. Со гости на своите албуми како Jesse Leach од Killswitch Engage и Karl Sanders од Nile, Wolfheart се етаблираат на светската метал сцена како неоспорни водачи на melodic death култот. Колосални мелодии, ледени химни за херојства низ субполарните тундри, за кралот на северот со волчјо срце.

 

За комплетно уживање, вечерта во Скопје со нив ќе настапат и нивните Мaкедонски соборци Inner Hate, и незапирливата Thrash Metal машина Conspiracy. Добро познати бендови на македонската публика, кои последниве години неуморно газат со своите енергични настапи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.