ФАМЕС Институтот ќе одржи концерт во ФАМЕС СТУДИО в четврток (23 мај) во 20 часот.

Нашиот оркестар кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе имаат можност на овој концерт да настапат заедно со познатата композиторка, диригентка и продуцентка Дајен Луи од САД и шармантната пејачка Џони Фиори од Велика Британија.
На програмата на овој концерт ќе бидат изведени композиции од различни музички жанри, од класична, џез, блуз, електронска музика и многу повеќе.
Посетете го нашето ФАМЕС СТУДИО и придружете ни се на ова наше музичко патување, велат организаторите.

Локација: ФАМЕС СТУДИО (Ул. Лазар Поп Трајков 22а, Автокоманда, Скопје)
Датум и време: 23 мај 2024 во 20 часот.

Поради ограничениот број на места во студиото, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство до 20-ти мај, 2024 до 17 часот на [email protected]



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.