Ковачевски и СДСМ да не глумат загриженост пет ден по настанот, да кажат зошто дозволиле формирање на клубот Ванчо Михајлов, велат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и СДСМ не можат да ги манипулираат граѓаните. Пет дена молчеа за отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, за кога видоа дека јавноста е целосно против фашистичките тенденции да излезат со наводни осуди.

Ковачевски и СДСМ дозволиле формирање на клуб со името Ванчо Михајлов, тие знаеле и дека Петков ќе дојде на отворање на истиот, и молчеа во надеж дека се ќе помине без поголема реакција на јавноста. Ковачевски и СДСМ се организатори на срамот кој го претрпе Македонија и Македонците.

Ковачевски и СДСМ да не глумат загриженост, туку веднаш да побараат писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик историја, пред се поголемите налети на фашизам на кои сме сведоци, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.