Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до пожарникарите во нашата држава по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари.

Ви оддаваме должна почит и неизмерна благодарност за вашиот огромен придонес во општеството, во служба на заедницата и зачувување на нашите мир, безбедност и сигурност. Справувајќи се со природни непогоди, несреќи и катастрофи, секојдневно го ризикувате вашиот живот, спасувајќи ги животите на другите и штитејќи ги имотите на нашите граѓани и на нашата заедница, што неизмерно го цениме, порачува Ковачевски во честитката.

Изразувајќи искрени и срдечни честитки во негово и во име на Владата, Ковачевски порачува солидарноста и грижата за другите да биде поттик за сите идни генерации на пожарникари.

Вашето чувство за солидарност и грижа за другите нека биде поттик за сите идни генерации на пожарникари, кои како и денешните генерации ќе продолжат да бидат симбол на пожртвуваност и подготвеност да се подаде рака за помош секаде и секому. Нека е честит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари!“, вели Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.