Во однос на прашањето за лидерска средба, Ковачевски потсети дека ваква средба имало во декември кога биле повикани сите лидери на парламентарните партии на која се разговараше за најважните прашања стратешки за државата.

-Покрај прашањата за енергетската криза, ги информирав претседателите на политичките партии и беше така како што им кажав – немавме ниту рестрикции на струја, ниту ценовен шок, обезбедивме антикризни мерки за граѓаните итн. Второто главно прашање беше усогласувањето во однос на потребата за уставни измени со цел продолжување на европските интеграции согласно со усвоената преговарачка рамка од страна на Собранието со мнозинство гласови. На таа лидерска средба сите лидери на партии се сложија за потребата од носење на уставните измени, освен еден којшто ќутеше и двајца којшто не дојдоа. Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба со оглед на тоа дека веќе ставовите се познати,

Според него, лидерска средба не е институционален формат на носење конкретни решенија, туку тоа е формат на којшто секој ги кажува своите политички ставови во однос на одредено прашање и политичките ставови ние таму како политичари, претседатели на парламентарни политички партии ги слушнавме.

-Во однос на тоа да се води дебата за уставните измени, таа дебата е структурирана повторувам уште еднаш, значи уставни измени дебата не се води на телевизија, не се води кога се пуштаат градежни работи на канализациски цевки во одредени општини. Уставни измени, дебата се води во експертска работна група каде секоја политичка партија делегира свои претставници и каде што врз основа на уставно право и врз основа на она што е пропишано се дефинираат амандмани кои потоа се ставаат на јавна расправа, рече Ковачевски.

Лидерска средба побара и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со цел да ја објани придобивката од прифаќањето на хрватскиот модел на преамбула на Уставот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.